Еј ти
Главата горе
Уште не е доцна
И не си свесна
Колку си само моќна
Да ти,
Што на подот лежиш
Со солзи на лице
Не дозволувам за
Туѓа среќа да гинеш
Сите сме верувале на
Погрешни луѓе
Девојко мила
Така само растеш
Утре ќе биде нов ден
И правиот ќе го бакнеш
И ќе дојде време кога
На себе фала ќе си кажеш
Исправено стоиш
Пред секој предизвик
Што го преброди
Сега си посилна од се
Сите знаат дека можеш
Верувај во себе
Сите сме со тебе
Еј ти,
Исправи се сега
Уште не е доцна
Залудно си толку
Загрижена и гневна
Смела си и силна
Убава и мила
Само фали да си своја
Како што некогаш си била
Утре ќе биде нов ден
И правиот ќе го бакнеш
И ќе дојде време кога
На себе фала ќе си кажеш
Исправено стоиш
Пред секој предизвик
Што го преброди
Сега си посилна од се
Сите знаат дека можеш
Верувај во себе
Сите сме со тебе